Американците кои се целосно вакцинирани може да се вратат во нормален живот и не мора повеќе да носат маски на отворено, објави Американскиот центар за превенција и контрола на боести.
Маски ќе мора да се носат само во случаи кога не може да се избегне метеж.
-Вакцинираните наскоро може да се вратат во нормала, изјави Завиер Бацера, секретар во Одделот за здравство и социјална заштита.
„Вакцнинирани сте. И погодете што? Може да се вратите на нормален живот. Не сте вакцинирени, се уште сте во опасност. Затоа, вакцинирајте се“, рече Бацера на Си-Би-Ес.
„Кога ќе се вакцинирате, може да излезете надвор и не мора да носите маска“, додаде тој.
Но тој кажа и некои контра тврдења. На прашање дали вакцинираните може да престанат да носат маски, тој рече:
-Сакаме да се вратиме во нормален живот, сакаме да ја придвижиме економијата, сакаме луѓето да се вратат на работа, да се отворат рестораните. Тоа мора да се направи на правилен начин, а маските помагаат. Вакцините помагаат, но маските се и понатаму многу важни, рече тој, додавајќи дека е вакциниран, но дека и понатаму носи маска.
Центарот наведува дека без разлика дали се вакцинирани или не, луѓето надвор не мора да носат маска, кога шетаат, возат велосипед, трчаат сами или во друштво на членови од семејството.
Сепак, сите и вакцинирани и невакцинирани мора да носат маски на концерти и други собири каде има голем број луѓе.
Маски се препорачуваат и во затворени простории како фризерски салони, ресторани, трговски центри, музеи и кина.