Преку 70 илјади прегледи донесе новиот хит на распеаното дуо, Драган Спасов Дац и Александар Митевски наречен “Вакцина”. Тие изненадија со нов кавер на светски познатата “Марина” од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија заедно со нивните пријатели и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко. Песната е веќе хит на социјалните мрежи и веќе се слуша на радио станиците.

Велат дека “песната е составена од пораки на viber, a видеото е снимено со телефонот на Дац”. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со “Корона Чао”.