Борислав У. (46) е осомничен дека после кавга го у*ил својот брат Здравко (56) во нивната семејна куќа во селото Средно Бушевичи во општината Крупа на Уни, Република Српска, Босна и Херцеговина.

Мотив за у*иството е кавга која веќе подолго време траела помеѓу браќата и која вчера завршила на ваков трагичен начин, пренесува Српска инфо.

Борислав испу*ал дури 20 ку*шуми, од кои повеќето го погодиле неговиот брат. Здравко се здобил со повреди по целото тело и починал. После трагедијата, Борислав ја повикал полицијата и се и раскажал.

Немале семејства

Портпаролот на полициската управа во Приједор, Звездана Алендаревиќ вели дека вчера околу 17 и 45 часот пријавено е дека е извршено убиство во селото Среден Бушевичи.

-Од увидот на лице место со кој раководеше дежурниот обвинител од ОЈТ Приједор, утврдено е дека е у*иен З.У. од тоа место. Исто така, утврдено е дека у*иството го извршук Б.У., кој потоа е уапсен, вели Алендаревиќ.

Извор за српските медиуми раскажува дека браќата Борислав и Здравко живееле сами во семејната куќа и дека ниту еден од нив не бил оженет.

-Немаа семејства. Тоа е мало село во кое живеат навистина малку семејства. Не знам дека имале некој посебен контакт со соседите, вели соговорник за српските медиуми.

Чести кавги

Соговорникот додава дека по селото се зборувало дека двајцата браќа постојано се карале, но дека никогаш немало некои сериозни судири или напади.

-Дури и никој не знае околу што се скарале. Не била тоа кавга околу куќата, ниви или некој имот. Тоа биле некои нивни недоразбирања и никој не можел да претпостави дека ќе се случи ова, појаснува соговорникот за Српска инфо.

Еден од жителите на селото, вели дека подобро го познава Борислав, бидејќи него почесто го гледал.

-Тие двајцата беа самотници, не се оженија и немаа семејства. За Борислав знам дека беше многу вреден човек, често работеше. Одеше да работи под дневница, им помагаше на луѓето, а знам и дека еден период одеше да чува овци. Претпоставувам дека од тоа и живееја, бидејќи не сум слушнал дека Здравко некогаш работел, вели тој.

Ја дочекал полицијата

Тој додава дека тоа може да биде една од причината поради често се караа.

-Слушав дека во понеделникот повторно се скарале и дека Борислав ја земал автоматската оушка и испалил рафал од 20 ку*шуми во братот. Повеќето од ку*шумите го погодиле Здравко, имаше повреди по целото тело и почина веднаш на лице место, вели соговорникот.

Борислав со телефонот повикал полиција и им кажал дека го у*ил својот брат и каде се наоѓа. Со доаѓањето на лице место, полицијата го затекнала Борислав, а во нивната куќа го пронашла и безживотното тело на неговиот брат. Борислав веднаш е уапсен и приведен во полициска станица.

Ал*охол

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, ниту Борислав, ниту Здравко не и биле од порано познати на полицијата по некои кривични дела.

-Беа добри соседи, никогаш не правеа проблеми. Знаеме дека двајцата сакаа да пијат алкохол, но не беа проблематични ниту кога ќе се опијат. Можно е ал*охолот да ја предизвикал оваа караница и да се случило у*иството. Остана празна куќата, а сега и не знам кој ќе го погреба Здравко, вели нивна сосетка.