Сезонските работници кои од странство дојдоа во Хрватска се чувствуваат измамени. Како што раскажуваат некои од нив, одењето на работа во текот на сезоната не е само добра можност за заработка, туку тоа се и тешко заработени пари.
Како што раскажува Наташа Качар, покрај тоа што посредува странците да најдат работа, често добива и повици од сезонците кои се жалат на условите во кои работат.
Знаеш ли што прават?! На пример, слушнав дека во сезоната работниците се сместени така што двајца работници делат ист кревет, па тој што не е на смена спие додека другиот работи и обратно. Еден кревет за двајца работници, никогаш не сум слушнала за тоа. За нешто ми се јавува друг работодавач и во разговорот дознавам дека ги знае деталите од секојдневниот живот на тие работници во сместувањето. Го прашувам од каде го знае тоа, ми вели дека спие со нив во ист стан! Ми се слоши!“, раскажува Качар за „Јутарњи“.
Кога таа го прашала зошто навлегува во интимноста на неговите вработени, тој и рекол дека не гледа ништо непристојно во тоа.
Откако почна поголемиот увоз на работна сила од Азија, работодавачите почнаа да ги третираат работниците како стока, третирајќи ги како што сакаат. Во еден хотел вработиле 12 наместо 20 сезонски работници и, поради тоа што ги има малку, сите прават се, па ја ставиле скараџиката ангажирана преку мојата агенција, да мие садови, а готвачите да мијат тоалети. А, тие се стручен кадар кој едвај им го најдовме. Тие во одреден момент ќе ја напуштат Хрватска, како и сите оние кои се чувствуваат измамени. Многу ми е жал што го кажувам ова, не знам што им е на тие луѓе, но работодавците во угостителството во Хрватска ги лажат, клеветат и мамат работниците. Ги мамат за висината на платата. Работниците од Азија ми кажуваат дека дошле за 1.300 евра плата, а газдата им платил 700 и им рекол дека вредат толку“, раскажува Качар.
Полека се создава слика на земја во која луѓето се измамени
Качар додава дека не се сите работодавци такви, а на оние кои ги почитуваат своите вработени им пречат деловните практики на оние кои не ги почитуваат. Качар објаснува и дека со тоа се создава слика на земја во која луѓето се измамени.
Им велам на тие газди: како не ви е јасно дека се што правите е јавно, се е на социјалните мрежи, никогаш нема да добиете сериозен работник ако продолжите вака? Наместо тоа, тие често менуваат работници затоа што претходните заминуваат, што им создава дополнителен проблем на веќе пребукираните полициски служби кои управуваат со увозот на работници од земји кои не се членки на ЕУ“, вели Качар.