Седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаил Шумахер тешко страдаше на скијачка несреќа во 2013 година, а за неговата состојба достапни се многу малку информации. Се знае само дека Шумахер се опоравува во домашни услови, но по осум години конечно имаме и добри вести.
Имено, поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод во разговор со новинари откри дека Германецот се наоѓа во подобра состојба, но и деја сепак ќе има последици од тешката повреда.
„Неговата состојба полека, но сигурно се подобрува. Поминав многу време со Корина, таа е сјајна жена и сака да си ја чува фамилијата. Благодарение на неа и посветеноста на лекарите, Михаил преживеа, но ќе има последици“, изјави Тод.
Повеќе детали околку состојбата на германскиот возач ќе се знае по документарниот филм на Нетфликс кој ќе биде промовиран на 15. септември.