Најмалку 8 лица се повредени, од кои 5 се деца а три се возрасни, во Земун, кога автобус на јавниот градски сообраќај влетал во детско игралиште, потврдија за медиумите извори од полицијата и итната медицинска служба.
Возачот на автобусот од градскиот транспорт ја загубил контролата и ја пробил оградата од детското игралиште.
Три од повредените деца се пренесени во Детската клиника при Клиничкиот центар, едно во општата болница во Земун, а едно дополнително било доведено во болница, дознава Радио-телевизија Србија.
Српските медиуми известуваат дека се повредени повеќе лица, но дека ниедно не е животно загрозено.
Агенцијата Танјуг добила потврда од министерството за внатрешни работи дека возачот на автобусот е уапсен, откако веднаш по несреќата беше јавено дека е во бегство.
Градската управа на Белград соопшти дека приватаната фирма на која ѝ е доверен јавниот градски транспорт на патници на линијата 45 мора „итно да се изјасни за несреќата“. Ресорните градски власти потврдија дека станува збор за автобус на приватните превозници кои го сочинуват конзорцумите „Арива“ и „Унакоп“.
Покрај државното претпријатите „ГСП Београд“, кој покрај автобуси користи и трамваи и тролејбуси, јавниот транспорт во српската престолнина го извршуваат и пет приватни конзорциуми, а доделени им се 22 градски и приградски линии.
Најтешко мина двегодишно девојче кое се здобило со тешки повреди на главата и моментно е на реанимација. Како што истакна градоначалникот на Белград, Зоран Радоичиќ, девојчето е сместено на интензивна нега на детската клиника „Тиршова“ и се наоѓа во свесна состојба. Останатите три повредени лица се малолетници на возраст од 11, 15 и 15 години.
Надзорните камери го забележија целиот момент во кој шоферот не успеа да го „фати“ свиокот, а случаен минувач среќно успеа да го избегне автобусот и да се спаси од сигурна смрт.
Возачот на автобусот е уапсен по несреќата која, според првичните информации дошла или како последица на откажување на кочниците, или пак на автобусот му се случила ибертуража.
Наводно, оваа тешка несреќа била предизвикана од таканаречената ибертуража, односно дефект поради кој моторот на возилото неконтролирано достигнува максимален број вртежи.
Според медиумите, возачот избегал од местото за да не биде линчуван на лице место. Дошол целиот крвав и шокиран кај диспечерот, наводно добил туража и не можел да го контролира возилото.
Иако некои медиуми објавија дека возачот на автобусот побегнал од местото на инцидентот, Конзорциумот на приватни превозници посочува дека отишол во блиската подружница за автобуси за да им пријави на диспечерите што се случило. Потоа дал изјава во полиција.
Автобусот е отстранет од местото на несреќата. Истрагата е завршена, а повеќе информации ќе бидат познати по објавата на полицијата.
Ибертура или ибертуража е критичен дефект на дизел и турбо-дизел мотори. Ибертура се јавува кога значителна количина на нафта почнува да навлегува во просторот за компресија (причините можат да бидат различни: дотраени гуми за вентили, дотраена турбина итн.) Последиците од овој дефект можат да бидат или никакви или тотални, во зависност од тоа кога ќе се забележат.
Auu čoveče! pic.twitter.com/ZIPnI4llwv
— Morana (@Morana46648438) September 24, 2021