Во белo одело од глава до пети, четиригодишно момче оди по болничкиот ходник во кинеска болница за да стигне до собата со скенерот. Видео снимката можете да ја погледнете најдоле во веста.

– Момчето (4 години) за жал е заразено со корона, нема родители кои го придружуваат, оди сам во карантин, стои во описот на видеото на социјалната мрежа Твитер.

Сцената е снимена од медицинска сестра во карантинска болница во Путијан, кинеско жариште на вирусот на сојот делта, и истата стана вирална.

– Срцето ми се скрши, е еден од коментарите на социјална мрежа, кинеска платформа слична на Твитер.

– Очите ми се насолзија, напиша друг корисник.

Видеото служи како моќен потсетник за цената на кинеската политика за борба против вирусот корона, што и помогна на земјата да задуши повеќекратни повторувања на вирусот.

Инструкциите за елиминирање на вирусот се состојат од затворање на цели населби, тестирање на милиони жители за неколку дена и брзо изолирање на заразените луѓе и нивните блиски контакти во назначени објекти, пишува Си -Ен -Ен.

Овој пат, строги мерки беа применети и за учениците – меѓу кои епидемијата за прв пат беше откриена и брзо се прошири. Со цел да се спречи понатамошно пренесување, заразените деца веќе се одделени од родителите во градинките и се сместени во болничка изолација.

Дури и децата кои биле во контакт со заразено лице, а тестовите покажале дека се негативни, биле ставени во карантин без родители.

Подоцна, сето тоа малку се олесни, така што на децата под 14 -годишна возраст им беше дозволено да останат со своите родители или членови на семејството во карантин, но изолацијата за заразените деца остана.

Медицинската сестра која го снимила видеото за локалните медиуми изјавила дека очите и биле полни со солзи кога видела брза помош полна со деца во заштитни костуми, тие дошле доцна бидејќи едно дете не сакало да излезе од дома и плачело два часа пред да го принудат да влезе во брза помош.

Кога пристигнаа, децата отидоа кај скенерот, а некои беа толку мали што не можеа да се качат на масата за лекарот да ги прегледа, рече оваа медицинска сестра.

– Срцето ме боли кога ги видов тие мали деца сосема сами, без родители до нив, во болница, кои беа многу исплашени, додаде таа.

На Вајб, некои се прашуваа зошто таквите мали деца не можат да ги следат нивните родители. Други изјавија дека нивните родители веројатно биле сместени во централен карантин како блиски контакти на заразените.