Дваесет и тригодишниот Едис Краиновиќ од босанското село Мемичи загина во сообраќајна несреќа на главниот пат Тузла – Калесија кај Милјановци синоќа по полноќ, објавија босанските медиуми.
Според првичните резултати од истрагата, младото момче изгубило контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од патот.
По пристигнувањето, лекарите од Здравствениот дом Калесија можеле само да ја констатираат смртта на младиот човек.
Истрагата ја спровеле службениците на ПС Калесија, а за трагедијата бил известен дежурниот кантонален обвинител.
На социјалните мрежи, членовите на семејството, бројните пријатели и соседи жалат за прерано згаснатиот млад живот.
„Дневни Аваз“ го пренесува постот на неговата мајка Невреса Краиновиќ која жали за големата загуба.
„Замина мојата душа драга“, напишала неутешната мајка.