Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3-ти мај се случи страшна престрелка во која загинааа девет лица, меѓу кои осум деца, кога момчето убиец Коста К. испукал 57 истрели, а како што изјави за „Блиц“ ученик од ова училиште, се се случило многу брзо, а единственото нешто што цело време му паѓало на ум била – помладата сестра.
– Седев во училницата, малку пред крајот на часот слушнав истрел, не знаев што се случува, но мислев дека се петарди. Потоа слушнав друг, а потоа друг. Сите избезумено се погледнавме, наставничката се исплаши, а потоа слушнавме уште неколку истрели и детски врискање. Сите врескаа, јас се исплашив бидејќи и мојата помала сестра оди во ова училиште, јас трчав по ходникот, мислев дека нешто и се случило – низ солзи раскажа ученик од ова училиште.
Седмоодделенецот го зел пиштолот од татко му и го започнал крвавиот пир. Прво пукал во училишниот чувар, две ученички, а потоа се упатил кон професорката по историја која била во канцеларијата.
-Кога ја најдов помалата сестра, се смирив и седнав со неа во училницата, бевме скриени во аголот додека нејзината наставничка не ни рече да бегаме – раскажува ученикот од ова училиште.
Да потсетиме, момче (13) на 3 мај уби осум врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ, а рани седум лица, во основното училиште „Владислав Рибникар“. Коста К. етално ги испланирал страшните убиства.
Како што е утврдено, момчето-убиец планирал масовно убиство веќе еден месец, а она што било утврдено со преглед на неговиот телефон е пролевање крв – ученикот свесно го извршил убиството на своите врсници и училишниот чувар бидејќи непосредно пред злочинот, на интернет го пребарал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.
Исто така, според информациите со кои располагаме, момчето убиец кобниот ден испукало 57 куршуми, од кои 34 ги погодиле жртвите, додека се уште не се знае колку истрели ги погодиле повредените.