Во историската акција на српската полиција во која денеска беа уапсени 13 водачи на балканскиот нарко картел, запленети се неколку скапи автомобили, мотори, скапи часовници и големи суми пари, дознава „Блиц“.

„Блиц“ дошол и до фотографии од запленета стока, а како што можете да видите од нив, уапсената група уживала во луксуз – запленети се ауди, мерцедеси, бмв, ролекс и други марки часовници, скапи марки. Одземен е и мотор, како и огромна сума пари, главно во евра, кои дури и ги криеле во буриња со купус. Како што беше објавено и претходно, членовите на криминалната група живееле во луксузни куќи со приватни спортски сали, кошаркарски терени…

Да потсетиме, во историска акција на полицијата во соработка со Обвинителството за организиран криминал беа уапсени 13 лица осомничени дека се членови на балканскиот нарко картел. Како што можете да видите на видео снимката од филмското апсење, членови на картелот биле уапсени во луксузни станови и куќи.

-Балканскиот картел беше над кавчанскиот и шкаљарскио клан. Токму фактот што некогаш еден клан беше поделен на два ривалски клана доведе до формирање на нов и посилен криминален картел, кој беше задолжен за дистрибуција и шверц на кокаин на територијата на Европа – вели изворот на „Блица“. Апсењето е извршено во соработка со Европол.

-Србија со уште една успешна акција покажа и докажа дека е успешен партнер. Заедно со Европол беа уапсени 13 лица, членови на ОКГ, која функционираше од неколку независни ќелии на балканскиот картел. Се верува дека тој стои зад пратките од повеќе тони кокаин кои во Србија пристигнале од Јужна Америка. Со оваа акција беше елиминирана најголемата организација за трговија со дрога. Уапсени се и организаторите М.Ш и М.Л.Во текот на 2020 година се запленети најмалку седум тони кокаин – изјави шефот на УКП, Нинослав Чмолиќ.

Шверцувале тони кокаин, една пратка вредна цело богатство

По наредба на Вишото јавно обвинителство за организиран криминал во соработка со Службата за борба против дрога на МУП, Управата за криминалистичка полиција, по повеќемесечна предистражна постапка на териториите на Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин, денеска од слобода се лишени 13 лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Оваа организирана криминална група која се состои од 20 лица е осомничена дека се занимавала со меѓународна трговија со дрога. Имено, организаторите и членовите на оваа организирана криминална група се осомничени дека во текот на 2020 година учествувале во набавка и транспортирање на повеќе од шест тони кокаин од Јужна Америка во земјите од Западна Европа и Република Србија.