Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа итна седница на Советот за национална безбедност за утре во 10 часот, а главна тема ќе бидат настаните во Косово и Метохија, пишува „Новости“.
Специјални сили и блиндирани возила од утринава се распоредени на два административни премина на северот на Косово, јавуваат медиумите во регионот. Игор Симиќ од Српската листа вели дека “Србите од Косово се лути поради потегот на Приштина да испрати единици на „Роса“ на административните премини Јариње и Брњак“.
Тој за еден од регионалните медиуми изјави дека Србите од Косово се длабоко вознемирени затоа што Приштина испратила преку 20 возила, со специјални сили вооружени до заби. Според него, тие се лути и во моментов возат кон административните премини на Јариње и Брњак.
Во моментов, според последните информации што ги кажа Симиќ, има околу 300 српски возила во Јариње и повеќе од 100 на административниот премин Брњак.
„Двете сообраќајни ленти се блокирани, сообраќајот е блокиран“, рече тој и додаде дека утрово се одржале итни консултации со членовите на Српската листа.
„Ги повикуваме нашите граѓани да бидат воздржани и да не станат жртви на провокации, бидејќи ова е провокација на Приштина, претпоставуваме дека на Србите ќе им биде ограничена слободата на движење со одземање регистарски таблички од Србија“, рече Симиќ.
Тој апелира за смиреност, но дека има се повеќе граѓани и дека тие се „лути“.
„Веќе има 300 српски возила на Јариње, а повеќе од 100 на Брњак“, додаде тој.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа итна седница на Советот за национална безбедност за утре во 10 часот, а главна тема ќе бидат настаните во Косово и Метохија, пишува „Новости“.
Министерот за внатрешни работи, Џељал Свекла, на својот Фејсбук профил објави дека Министерството за внатрешни работи на Косово, во соработка со полицијата на Косово, спроведува акции на граничните премини на северот на Косово, кои се однесуваат на спроведување на Бриселскиот договор за слобода на движење.
Тој истакна дека „станува збор за рутински активности насочени кон зачувување на јавниот и уставниот поредок“.
– Со цел да се овозможи слободно движење на граѓаните врз основа на договорот истечен на 14 септември 2016 година, Министерството за внатрешни работи донесе одлука со која се уредува и се обврзува да се обезбедат привремени регистарски таблички за сите возила со српски регистарски таблички, вели тој.
Свекла нагласува полицијата ги презела сите неопходни мерки за зачувување на мирот на граничните премини.
Српските граѓани велат дека дошле да го искажат мирно своето незадоволство од одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички, а дека единиците на „Роса“ први го блокирале патот и ги исплашиле граѓаните со пушките и долгите цевки долж патот до Митровица.
„Од Роса се бара да се растера. Во моментов има голема напнатост во Јариње“, објавија граѓаните на социјалните мрежи.
Фрлен солзавец од косовските сили
Косовските полициски сили испукаа неколку канистри со солзавец врз граѓаните собрани на преминот Брњак, и тие се повлекоа неколку десетици метри од местото каде што беа денес, дознава Косово онлајн.
Во моментов, ситуацијата во Брњак е напната, но мирна, и луѓето сега се собираат во голем број, а во моментов ги има неколку стотици.
Како што велат, тие се цврсти во одлуката да не ги напуштат своите места додека не се повлече спорниот декрет на косовската влада. Тогаш и тие ќе се повлечат и ќе си одат во своите домови.
Специјалните единици на косовската полиција не дозволуваат новинарски екипи да се приближат до административниот премин Брњак, така што засега не може да се дознаат детали за настаните на лице место.
Според соговорниците на Косово онлајн, во моментов е мирно на главниот пат во правец кон Брањак, но тензијата е огромна.