„Минатата недела маж и жена починаа за еден ден. И двајцата невакцинирани. Таа родена во 1984 година, тој во 1976. Замислете го тоа семејство и оние деца кои ги загубија двајцата родители за една ноќ, бидејќи не се вакцинираа“, изјавила на работ на солзи д -р Тања Аџиќ Вукичевиќ, со која тимот на Нова.рс ги посети најзагрозените пациенти во црвената зона на ковид болницата во Батајница.
Интензивна нега на таа болница, каде пациентите се во најлоша состојба, речиси 120 од нив – сите се на уреди без кои не би можеле да дишат, половина од нив во индуцирана кома, на респиратори, и повеќето се невакцинирани.
„Овој бран е најсмртоносен, покрај сите наши напори, опрема, повеќе од 90 проценти од интубираните не преживуваат“, вели шефот на болницата, проф. Д -р Тања Аџиќ Вукичевиќ.
Таа вели дека во тек е рововска битка, која нема крај на повидок и која ни се заканува дека ќе не уништи ако не се вакцинираме сите.
Речиси под секое име стои натписот „невакциниран“, но има i исклучоци.
Еден од вакцинираните пациенти кој бил во болницата имал прекумерна тежина, хипотироидизам и дијабетес. Според докторката, дебелината е најголемиот фактор на ризик.
Докторката вели и дека во декември, кога се отвори ковид болницата во Батајница, 70 проценти од пациентите не успевале да се извлечат доколку се на респратор.
„Кога дојде британскиот вид на вирус, успехот на одвојување од респиратор беше уште помал, меѓу 80 и 90 проценти починаа, а сега смртноста на интубирани е повеќе од 90 проценти“, објаснува оваа лекарка.
„Луѓето мора да се вакцинираат, во спротивно ќе исчезнеме“, вели д-р Аџиќ Вукичевиќ, која е на првата линија од појавата на првиот пациент со ковид-позитивни во Србија.