Јавноста во Србија е шокирана по веста дека шест дена од исчезнувањето се пронајдени мртви членовите на семејство од Алексинац. Таткото Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25) исчезнаа во неделата околу полноќ кога се враќаа од Моравац во Алексинац.
Полицијата утрово го пронашла запален автомобилот „пасат“ во сопственост на Ѓокиќ, а потоа на десет километри од возилото биле пронајдени и нивните тела покриени со гранки и листови. И телата биле запалени, така што не е познато на кој начин се убиени.
Горан, Гордана и Лидија исчезнале во неделата после полноќ кога се враќаа од Моравац во Алексинац каде беа на вечера кај мајката на Горан, кој е сопственик на менувачница.
Според неофицијални информации од репортерот на српски Курир на лице место, мотивот за грозоморниот чин може да биде користољубие.
– Имено, како што дознаваме, Горан Ѓокиќ често носел со себе големи суми пари, дури и повеќе од 50.000 евра. Се верува дека извршителот го знаел тоа и дека поради тоа го извршил делото, пишува Српски Курир.
Горан (57), неговата сопруга Гордана (56) и ќерката Лидија (25) Ѓокиќ последен пат се видени на 26 септември во селото Шитковац, општина Алексинац, од каде што со својот црн Фолксваген Пасат се упатиле кон Алексинац, по што им се изгубила секоја трага.