Седумчлено семејство, меѓу кои и две деца, загинаа денеска во Исламабад кога нивниот автомобил падна во реката, која беше надојдена поради обилните дождови, објави пакистанската полиција.
Полицаецот Али Раза изјави дека семејството се враќало дома откако присуствувало на свадба во блиското село, пишува АП.
Според полицискиот извештај, меѓу жртвите има четири жени, две деца и еден маж.
Многу патишта во Пакистан немаат знаци за безбедност, а покрај тоа, возачите генерално и не ги почитуваат безбедносните прописи.