Редовната плата е важна за сите работници, а работодавците понекогаш се обидуваат да закаснат, па дури и да не ја исплатат.
Во Турција еден работник што работел на ископ на јаглен не добил плата па решил да му покаже на газдата…
Наместо штрајк или закана, работникот со багер уништил кабини од пет камиони. Веројатно штетата ќе била многу поголема, но колегите успеале некако да го разубедат.
Интересно е дека сопственик на компанијата бил неговиот вујко, пишува весникот Haberturk.
Инцидентот бил минатиот месец, и истиот не бил пријавен во полиција, но сепак се појавил на социјалните мрежи покажувајќи како гневниот работник ги уништува камионите.