Во сообраќајка во турската провинција Хатај починаа дванаесет лица, а 31 лице се повредени, од кои тројца се во тешка состојба.
До сообраќајката дошло кога камион удрил во колона автомобили на бензиска пумпа.
Како што соопшти министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа, несреќата се случила во градот Белен, а изгореле камион и два минибуса.