Во петокот во периодот од 18 до 20 часот, во областа Дасинг во Германија исчезна Марија Алексија Зечевиќ (14), која потекнува од просторот на поранешна Југославија, пишува Република.рс.

Последен пат, девојката била видена околу 18:00 часот на улицата Индустријестрасе, во близина на железничката станица Дасинг во областа Ајнах-Фидеберг. Според последните информации, таа наводно отишла да запознае млад човек со кој се допишувала преку Интернет и кој на социјалните мрежи го користи името Coldkiller, пишува Augsburger Algemeine.

Родителите на исчезнатото девојче се сомневаат дека најверојатно против нејзина волја ја возел маж на возраст од 30 години во црн автомобил КИА. Мажот наводно имал брада. Ова е изјава на сведок која не можеше да се провери, пишува Независне од Бања Лука.

Според нејзините родители, Марија отсекогаш била сигурна девојка која никогаш не излегувала од дома и не одела никаде без да им каже на родителите. Германските медиуми јавуваат дека Марија е висока околу 165 сантиметри, кафени очи и кафена коса до рамениците. Тежи околу 80 килограми. Во моментот на исчезнувањето имала црна тренерка, бели патики и најверојатно мал црвен ранец.