Меѓу жртвите на масовното пукање во Младеновац, извршено од 21-годишниот Урош Б., е и 15-годишно момче.

Како што изјавија за Нова.рс жителите на Орашје, селото каде почна масакрот, момчето починало обидувајќи се да го заштити својот брат од куршум.

“Тоа несреќно 15-годишно дете го видело убиецот како приоѓа со пушка. Во тој момент било до својот брат. За да го заштити братчето, момчето го турнало на страна, а потоа бил застрелан”, изјавил очевидец од селото.

– Момчето иако беше толку мало разбра што се случува и без размислување веднаш се фрли пред братот и наместо него го прими куршумот. Само се струполи на подот кај споменикот, раскажува друг жител на селото.

Според мештаните, во тоа село живее и една старица чии внуци биле жртви на масакрот. Во Мало Орашје уби пет лица на возраст од 15 до 25 години.

Да потсетиме, пукаше на три локации – во село Дубона, Мало Орашје и Шепшин и сееше смрт со автоматско оружје, убивајќи невини луѓе. По укажаната лекарска помош, ранетите кои се донесени на Итната помош се во стабилна состојба.

УРОШ Б.(21) синоќа во близина на Младеновац кај Белград уби осум и рани уште најмалку осум лица. Во престрелката што се случила околу 23 часот загинал полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25). Во друга област на Смедерево, М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).