На еден фудбалски терен во Белград денеска се случила голема трагедија кога млад фудбалер на ФК Барајево го загуби животот.
Српските медиуми пишуваат дека на 16-годишно момче му се слошило за време на натпреварот, а по реанимацијата докторите констатирале смрт.
„Излезе на теренот и падна. Натпреварот беше одигран во рамки на ‘Фер плеј лигата’ за кадети. Децата на двата тима се потресени со трагедијата, која се случи и од шок не можеме многу да зборуваме“, кажа младиот фудбалер.