Згасна животот на 22 и 33 годишни момчиња откако „Ауди А6“ и „БМВ Х3“ се судрија ноќеска во БиХ
М.В. (33) и П.К. (22) од босанскиот град Билеќа загинаа доцна синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 2.30 часот во близина на селото Бијела Рудина кај Билеќа, Република Српска, Босна и Херцеговина.
– Несреќата се случила во 2.15 часот, а учествувале две возила, ауди А6 управувано од В.М. и БМВ, управувано од лицето на К.П., во тој автомобил како сопатник било лицето на иницијалите К.Л. кој се здобил со повреди и бил хоспитализиран во болницата во Требиње, изјави Јелена Биберџиќ, портпарол на полициското одделение Требиње.
Во судирот учествувале два автомобили, Ауди А6 и БМВ Х3, пренесува Српскаинфо.
– Возачите на двата автомобили загинаа, а совозачот од едно возило се здоби со тешки телесни повреди и се наоѓа во општата болница во Требиње, пишува АТВ.