Млада жена останала вдовица, откако нејзиниот сопруг починал по долга и тешка битка со ракот. Само неколку дена по неговата смрт, таа била повикана од нејзиниот свекор и свекрва со многу бизарно барање.
Убедени дека ќе се излечи, тие одлучиле да замрзнат неколку примероци од неговата сперма, за хемотерапијата да не ја уништи плодноста, но за жал, третманот бил неуспешен и нејзиниот сопруг починал.
– Неговите родители ми се јавија неколку дена по неговата смрт и ме прашаа дали размислувам да одам на вештачко оплодување, на што реков не. Потоа ме прашаа дали можам да им ја пренесам сопственоста на спермата, за тие да ја искористат за да добијат внуче. Претпоставувам дека планираат да ангажираат сурогат мајка за ова, но признавам дека бев толку изненадена и збунета што дури и не прашав – напиша жена на една социјалната мрежа и додала:
– Тие тагуваат, а јас им ја ускратувам можноста да имаат внуци. Сепак, се чини дека тие само сакаат нивната крвна линија да продолжи без разумно размислување за тоа – објаснила таа.
Коментарите на луѓето биле различни, и многумина биле шокирани од одлуката на неговите родители.