Даниел и Дејви Масијас од Калифорнија биле многу претпазливи со коронавирусот во изминатите 18 месеци. Тие не биле вакцинирани, по што се разболеле еден по друг и починале во рок од неколку недели – оставиле зад себе пет деца, од кои најмалото не го ни запознале.
Дотогаш, двојката се грижеше за се за да се избегне инфекција со Ковид 19, ги бришеле површините, се туширале после работа, па дури и нарачале испорака на намирници и други потреби. Сепак, ниту тоа не било доволно за да се спасат од коронавирусот.
Дејви (37) била во седмиот месец од бременоста со своето петто дете на почетокот на август, кога била хоспитализирана поради коронавирус. Нејзиниот сопруг Даниел исто така се разболел, пренесува Си -Ен -Ен.
Лекарите ја породиле Дејви со царски рез додека била интубирана, но таа починала пред да го запознае своето бебе.
Даниел (38) се лекувал во истата болница кога дознал дека има ќерка. Медицинските сестри му покажале фотографии од бебето, пред да умре од компликации предизвикани од вирусот помалку од две недели подоцна. Така новороденото бебе остана без родители, но и без име.
Кога болницата се јавила и го побарала името на бебето, Тери Масијас, мајката на Даниел, која сега се грижи за петте деца, им рекла дека „ќе чека нејзиниот син да и даде име“.
За жал, и нејзиниот син почина. Бебето се уште нема име, а семејството засега ја нарекува „девојче“.
Бабата им ја објасни смртта на родителите на внуците
Дејви и Даниел не биле вакцинирани и починаа еден по друг – сопругата на 26 август, а сопругот на 9 септември – оставајќи ги петте деца на возраст од три недели до осум години.
„Не дека не сакаа да се вакцинираат, тоа го планираа“, рече бабата Тери за Си -Ен -Ен.
Таа верува дека нејзиниот син и снаа го фатиле вирусот корона на неодамнешното патување во затворен воден парк.
Тери мораше да им објасни на децата за смртта на нивните родители – како што вели, момчето (8) и девојчето (5) разбрале дека родителите заминале, но не е сигурна дека разбираат дека никогаш нема да се вратат дома.
Тригодишно девојче и рекло на баба си дека сонува дека нејзиниот татко се враќа дома од болница. Кога дознала дека е мртов, почнала да плаче …