По денешната акција на косовската полиција на четири локации во Косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, пренесува Зери.инфо.
Тој додаде дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи.
Шефот на Извршната власт ги повика граѓаните на северот на земјата да не станат жртви на српските медиуми.
„Денешната полициска акција заврши. Ги повикувам граѓаните во северната општина Митровица да не бидат жртви на некои медиуми во Србија кои го штитат криминалот, корупцијата и шверцот и сакаат да го политизираат и етнизираат“, рече Курти.
Органите на прогонот во земјата денеска спроведоа акција против шверц во Пеќ, Приштина и делови од Митровица.