Уште една трагедија во светот на спортот. Во рускиот град Хабаровск на крајниот исток од земјата трагично го загуби животот некогашниот светски јуниорски шампион во брзо лизгање 23-годишниот Руслан Захаров.
Захаров во неделата рано утрото бил удрен од камион на локалниот автопат додека трчал.
Како што објавуваат руските медиуми, возачот на камионот не бил под дејство на алк охол, а вели дека момчето ненадејно се појавило пред него чудно движејќи се, па било предоцна да го одбегне и со ретровизорот го закачил спортистот по што овој паднал под тркалата на камионот.
Можно е за време ан тренингот да му се слошило и во таква состојба од патеката свртел кон автопатот. Полицијата отвори истрага.
В Хабаровске погиб конькобежец Руслан Захаров — призер юниорского чемпионата мира.
«У нас крайне мало информации. Мы пока, к сожалению, знаем только о самой трагедии, подробностей нет», — сообщила исполнительный директор Союза конькобежцев России Варвара Барышева. pic.twitter.com/StggdOBdKx
— РЕН ТВ | Новости (@rentvchannel) October 10, 2021