Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово околу 6:50 часот во Белград на улицата „Устаничка“, јавуваат утрово српските медиуми.
На самото место се гледаат смачкани автомобили, остатоци од искршените автомобили од сите страни. Полицијата се’ уште спроведува истрага, така што телата на настраданите лица се уште се на коловозот.
Едно повредено лице е пренесено во Ургентниот центар, а Брзата помош не може да каже како се случила несреќата.
Како што неофицијално дознава српски Курир, во несреќата загинале се млад маж (28) и млада жена (31).
Очевидци кои биле во близина во моментот на судирот велат дека се слушнало како „авион да пролета“.
– Видов две тела. Едното беше на асфалтот малку подалеку, а другото веднаш до автомобилот. За чудо, возачот беше свесен. Колку што можев да видам, тој имаше помали повреди. Слушнав додека други зборуваа дека автомобилот се движел преку 150 километри на час и дека возачот и загинатиот млад човек се роднини, изјави работник од блискиот ресторан кој во тој момент доаѓал на работа.
Друг очевидец за белградските медиуми наведува дека поради силината на ударот, телата на несреќните млади луѓе летале 20 метри и завршиле во блиската продавница.
Тие биле сопатници во автомобилите и според првите и неофицијални информации, излетале од автомобилот и починале на лице место.
Еден возач на слична возраст, помлад маж, бил пренесен на Ургентниот центар. Според првичните неофицијални информации, најверојатно причина за трагичната несреќа е тоа што голфот поради огромна брзина удрил прво удрил во бандера, а потоа и во бетонски столб.
Сообраќајот е блокиран во овој дел од Белград
📷
📷
📷
📷