Во раните утрински часови на магистралниот пат од Пожега кон Ужице во местото Севојно дошло до тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

До несреќа дошло откако возилото со марка БМВ скршнало од магистралниот пат на блискиот паркинг, тогаш во него удрил автомобил кој доаѓал од Ужице, се обидел да го избегне, меѓутоа налетал на друго возило од марката Фијат кое се движело од Пожега, во спротивна насока при што дошло до директен судир.

„Гледавме морничава сцена, еден автомобил превртен на кров, другиот преполовен. Слушнавме само силен удар и останавме запрепастени од глетката. Само се прашувавме дали некој е жив, но се надевам дека на време се однесени во болница“, рекол еден од очевидците.

На лице место пристигнале екипи на Итна помош кои повредените ги пренеле во здравствениот центар Ужице, а сообраќајот сега на тој пат се одвива бавно по една коловозна лента.

📷

📷