Дваесет годишниот млад човек од српската Општина Мионика, Ѓорѓе П., починал на лице место во сообраќајна несреќа што се случила околу 15.30 часот на локалниот пат Вртиглав-Боговача на територијата на оваа општина, јави Блиц.

Младиот Ѓорѓе П. не починал како последица од директен судир, туку поради превртување на неговото возило во канал покрај патот, по што удрил во бетонски пропуст.

Младиот човек, кој е роден 2001 година, управувал со мини-комбе „Фиат Скудо“ и се движел во правец на Мионика. Имено, како што наведува Блиц, повикувајќи се од информации од извори блиски до истрагата, при излегување од кривина на тој пат, возилото на Ѓорѓе практично го „изгребало“ ретровизорот на патничкиот автомобил што се движел од спротивен правец, по што младиот човек изгубил контрола на воланот и слетал во каналот покрај патот.

Неговото мини-комбе запрело дури откако удрило во блискиот бетонски пропуст, удар кој бил фатален за младиот човек, поради силината.

Младиот студент од Мионика починал на самото место од здобиените повреди.