Несреќата се случила доцна попладне кај делчевското село Град, кога возилото излетало од патот.

Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево -Берово.

Несреќата се случила доцна попладне кај делчевското село Град, кога возилото излетало од патот.

На местото на несреќата интервенирала екипа на Итната медицинска помош, но Ф.А. починал на пат кон болница. Како што јавува МИА, во возилото уште едно помладо лице, кај кое, според лекарите, не се забележани повреди.

Од полицијата го потврдија случајот и повеќе детали за несреќата најавија во текот на утрешниот ден