СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Монструмот кој си ги уби трите деца во Хрватска конечно прозборе: Ако имам можност и начин, пак ќе се обидам да си го одземам животот

Уапсен е Харалд Копиц, австрискиот државјанин, кој живее и работи во Загреб, а кој викендов ја згрози хрватската јавност откако со голи раце си ги задави трите деца, седумгодишните близнаци и уште помалото, четиригодишно синче. Овие три дена тој беше во болница, бидејќи по бизарното злосторство и самиот проба да се самоубие, проголтувајќи повеќе од 100 апчиња.

Копиц со полициска придружба вчера бил префрлен на Клиниката за психијатрија во Врапче, а потоа бил однесен на распит во криминалистичката полиција.

Таму изјавил дека му е жал што е сеуште жив, дека долго време бил без работа, дека должел пари за киријата за станот, дека нема каде да оди, па решил да си го одземе животот, но и животите на трите деца за да „не биде сам кога ќе умре“.

Таткото убиец изјавил и дека доколку има можност и начин, повторно ќе се обиде да изврши самоубиство, исто како што испи повеќе од 100 таблети по убиството на децата.

Обдукцијата на телата на убиените деца е завршена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи за да се утврди како се убиени, со труење со апчиња или гушење. Тројното убиство на децата се случи ноќта помеѓу петокот и саботата, на 24 и 25 септември, во загрепската населба Млинови.