Третата сопруга на славниот актер Роџер Мур, Луиза Матиоли, почина на 85 -годишна возраст по долга и тешка болест. Ѕвездата на Џејмс Бонд и италијанската актерка беа во брак 24 години и заедно имаа три деца, објави „Сан“.
За прв пат се запознале на сетот на италијанскиот филм „Ромулус и Сабините“ од 1962. Но, парот се разведе во 1993 година, откако Сер Роџер ја напушти Луиза за нејзината најдобра пријателка Кристина „Кики“ Толструп.
Двојката официјално се разведе во 2002 година. Смртта на Луиза ја потврди најстариот син на парот, Џефри.
– За жал, можам да потврдам дека е така, рече тој од Швајцарија, каде Луиза живеела во времето на нејзината смрт.
– Луиза беше болна некое време, па тоа беше тежок период за целото семејство, рекол друг член на семејството за „Мирор“. Иако имаа грдо раскинување, тие се помирија пред смртта на Роџер во 2017 година.