Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, во средата во 8 часот и 42 минути дојде до пукање во кое ученик од тоа училиште Коста Кецмановиќ, уби осум ученици, 7 девојчиња и едно момче и еден чувар, а ранил шест деца и една наставничка. Една од жртвите е ќерката на познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски.
Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упатил кон Белград. На училиште дошол во друштво на сопругата која скршена од болка носела цвеќе во раката. Мајката едвај се држеше на нозе, го стискаше Драган и го држеше за рака.
– Тие останаа без зборови од болка, а несреќната жена само одмавна со главата, со заедничка молба за разбирање, продолжија кон училиштето, објавија медиумите.
Целата спортска јавност упатува сочувство до ова семејство, Душан Влаховиќ, фудбалерите Стефан Митровиќ и Немања Максимовиќ, Јан Весели, хрватскиот кошаркар Анте Томиќ, КК Задар, КК ЦСКА Москва и многу други од територијата на Србија и поранешна Југославија.