Момчето (14) кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, еден месец правел детален план, со список за ликвидација.

Очигледно е дека тој бил решен да направи крвав пир и дека не дозволувал никој да му се попречи на патот. Толку бил решен да ги убие учениците што на почетокот на смртоносниот масакр испукал 15 куршуми кон обезбедувачот Драган Влаховиќ, иако со него биле добри пријатели.

– Момчето се дружело со обезбедувачот кој го убил. Човекот што беше убиен од обезбедувањето дури и разменувал пораки со него, се дружел со него, ги чувал децата, се грижел за нив, рече Вучиќ во своето обраќање пред малку.

Имено, Влаховиќ бил познат и меѓу децата и меѓу вработените во училиштето. Тој исто така имал одличен однос со својот убиец. Како што дознаваме, двајцата имале навика да разменуваат пораки и надвор од училиште, до тој степен биле во добри односи.

Сепак, сето тоа не ја поколеба намерата на момчето да предизвика крвопролевање. Влаховиќ не му бил на списокот за убиство, но бил првата пречка на патот и затоа го убил. Подоцна продолжил да убива.

„Не избираше во кого пукаше, некои од убиените беа негови пријатели. Бев во друга просторија кога ги слушнавме истрелите, а потоа дојдоа да не одведат кога дојде полицијата, не спроведоа на другата страна, но видов две другарки како лежат и не мрдаат“, низ солзи изјави за Курир еден од учениците од училиштето и додаде:

Според него, убиецот не бил толку проблематичен, само „чуден и малку луѓе се дружеле со него“.