Четири јажиња кои личат на бесилки се поставени на дрво од засега непознат сторител во населбата Дубрава во хравтскиот главен град Загреб.
– Плац Дубрава, изборите се приближуваат, се вели во коментарот под скандалозната фотографија.
Од загрепската полиција велат дека полициски службеници излегле на местото на настанот каде што ќе бидат преземени сите потребни активности и ќе се утврдат сите околности на настанот.