Четиринаесетгодишно момче е уапсено откако пукало со пиштол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, при што е убиено едно лице.
Српските медиуми објавија дека инцидентот се случил утрово во осум часот, кога ученикот од седмо одделение почнал да пука кон ученици и припадници на обезбедувањето. Еден чувар е убиен, а меѓу повредените има и деца и наставници.
Според последните информации, едно девојче е на реанимација, а две момчиња имаат прострелни рани.
Пукањето во холот на училиштето траело пет минути, а момчето притоа користело пиштол на татко му. Во една училница е пронајден ранец со неколку шишиња запалива течност, но не се знае кому му припаѓа.