Стеван Ѓошиќ (34) од Белград во четвртокот со пријател отишол во Кефалонија и оттогаш не контактирал со семејството.

Како што изјави за Република.рс загрижената сестра Даница, неговиот телефон не бил достапен два дена, а последниот снимен сигнал од мобилниот телефон бил во близина на плажата Маркис Гиалос.

Но, во меѓувреме семејството добило информација дека Стеван е добро и успеале да стапат во контакт со него.

Во Грција исчезнуваат туристи

Состојбата што се случи особено го загрижи семејството, но и јавноста бидејќи во последно време се повеќе има вести за исчезнувања на туристи. Некои завршуваат трагично.

Серијата исчезнувања започна откако познатиот ТВ водител и доктор Мајкл Мозли (67) исчезна додека беше на одмоа со семејството на островот Сими.

Полицијата веднаш започнала огромна потрага по него, а по неколку дена неговото безживотно тело беше пронајдено.