Поранешниот фудбалер на руските Динамо и Спартак од Москва, Александар Карјакин загина во стравична сообраќајна несреќа која се случи на автопатот меѓу Москва и Минск.

32-годишниот фудбалер ноќва околу 1:30 часот со својот автомобил при брзина од 220 километри на час се забил во заштитната ограда покрај автопатот и се превртел неколкукратно. Веднаш е префрлен во најблиската болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот по здобиените тешки повреди.

„Се се случи 30 метри од мене. Се тркаа два автомобили, еден со брзина од повеќе од 150 километри на час“ – изјави сведок за руските медиуми, иако од полиција тврдат дека е возено со 22 километри на час, и дополни:

„Пријател притрча да му помогне да не искрвари, но тоа беше навистина страшно да се гледа“.