Пожарот што избувна денеска наутро во Кератеа во близина на Атина, југозападно од населбата Плака е надвор од контрола.

На видеата кои ги објавија грчките медиуми се гледаат куќи во пламен. Пожарот се движи кон Маркати, додека нов оган избувна и над Плака, каде има извештаи за изгорени куќи и автомобили.

Тоа е трет пожар во областа во последните 10 дена. Пожарникарите максимално се борат за да спречат уште повеќе да се прошири предниот дел на пожарот.

Властите се обидуваат да создадат заштитни зони за да спречат ширење на пожарот во борова шума. Дуваат ветрови со интензитет до 9 бофори, поради што се создадени повеќекратни избувнувања кои потоа се спојуваат.

На гаснење на пожарот работат 138 пожарникари со 8 шумски екипи, 39 возила, 8 хеликоптери и 9 авиони. На местото на настанот има и градежни машини за сузбивање на пожарни зони, но и цистерни со вода, кои се обидуваат да им помогнат на надлежните во работата.

@worldweathernews24htv

‼️ΈΚΤΑΚΤΟ‼️: Ανεξέλεγκτη η φωτιά στην Πλάκα Κερατέας της Αττικής. Καίγονται σπίτια. Νέο μήνυμα του 112 30-6-24. 🎥 Video: Στέλιος Μίσιος

♬ When I See You – Gabriel Albuquerqüe & Piano House