На 57-годишна возраст почина познатиот глумец Ненад Ненадовиќ од последици на Ковид-19.
Беше омилен лик меѓу колегите кои со потресни статуси на социјалните мрежи се простуваат од него.
Ненадовиќ беше хоспитализиран во ковид – болницата во „Батајница“.
Ненад, влезе во актерскиот свет како момче, на 13-годишна возраст, кога ја доби улогата на Моjак во серијата „Враќање на отпишаните“. Покрај тоа, тој беше домаќин на повеќе од илјада емисии за деца, како што се: „Зоотека“, „Пет шоу“ и „Фазони и форе“.
Колегите се едногласни дека си замина прекрасна душа, човек кој бил секогаш насмеан и со искрени намери.
Ненадовиќ позади себе остави сопруга и две ќерки, Јана и Мина кои исто така се занимаваат со уметност.