Уапсениот осомничен за убиството на семејството Ѓокиќ е нивен роднина. Станува збор за Близок роднина, братучед од тетка на убиениот Горан Ѓокиќ. Идентитетот на осомничениот е Г.Џ., јавуваат вечерва српските медиуми.

Убиецот и жртвите биле многу блиски и се познавале цел живот, но никогаш немале проблеми меѓу себе. Тој живеел во близина на убиеното семејство.

Како што се наведува, станува збор за поранешен пензиониран пожарникар. Тој често му ја миел колата на Горан, бидејќи не им верувал на пералниците поради сефовите што ги чувал во автомобилот.

Г.Џ. сè однапред испланирал, го подготвил бензинот, нашол дупка каде ќе ги закопа телата, ги однел таму, каде ги ликвидирал и ги запалил.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска нагласи и дека е пронајдена значителна сума пари на убиеното семејство, а во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се и други предмети кои, без сомнение, биле дел од овој страшен и монструозен чин.

На осомничениот му е одредена и мерка притвор до 48 часа по наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, поради постоење основи на сомнение дека учествувал во извршување на кривично дело тешко убиство.