Ново истражување објавено во списанието „ЏAMA“, ги посочува безалкохолните газирани сокови, независно дали содржат шеќер или вештачки засладувачи, како фактор за зголемување на ризикот од предвремена смрт кај луѓето, па дури и како можен причинител за појава на Паркинсонова болест.

Проучувањата опфатиле над 450.000 возрасни лица од 10 европски земји – Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство во период од 19 години.

Заклучоците говорат дека луѓето кои пијат две или повеќе чаши од 250 грама газирана напивка на ден, имаат поголем ризик од предвремена смрт за разлика од оние што пијат најмногу една чаша месечно. Всушност тези, кои пијат сок со шеќер секој ден, имаат поголеми шанси да умрат од проблеми со системот за варење, а пак, оние што секојдневно пијат газиран сок со вештачки засладувачи, имаат повисок ризик да умрат од срцеви заболувања.

– Нашите резултатите уште еднаш потврдува дека газираните напитоци треба да се избегнуваат и заменат со други, поздрави сокови, а најубаво – со вода, смета еден од авторите на истражувањето, Нил Марфи од Меѓународната агенција за истражување на ракот.

Трудот исто така, открива дека оние кои дневно пијат една или повеќе чаши обичен или диетален газиран сок, се понаклонети кон тоа да заболат од Паркинсоновата болест и други нарушувања на нервниот систем, што го засегаат движењето на човекот. Но, на оваа теорија ѝ требаат дополнителни испитувања, велат стручните лица.

Според научните истражувања, објавени се нивните влијанија врз телото.

1. Првите 10 минути

Една чаша во себе содржи 10 лажици шеќер, што претставува 100% од дневната дозволена доза. Во телото влегува и фосфорот, кој е заслужен за интензивирање на вкусот.

2. По 20 минути

Доаѓа до пораст на гликоза и инсулин, што доведува до претворање на шеќери во маст во црниот дроб.

3. По 40 минути

Кофеинот во пијалокот целосно се апсорбира во телото. Протокот на крвта се зголемува, а црниот дроб почнува да произведува сѐ повеќе шеќер во крвта. Мозокот почнува да ги блокира рецепторите на хормонот аденозин, што го спречува чувството на замор.

4. По 45 минути

Лачењето на допамин се зголемува, што значајно влијае да се чувствувате добро и тој ефект е сличен на оној кој го овозможува хероинот.

5. 60 минути

Магнезиумот, фосфорната киселина, калицумот и цинкот доведуваат до зголемено варење. Тоа е поврзано со огромните количества на шеќер и вештачки засладувачи, кои го ограничуваат исфрлувањето на калциум преку урина.

6. По 60 минути

Диуретските својства на кофеинот почнуваат да дејствуваат и сите минерали, вклучувајќи ги магнезиумот, калциумот и цинкот наменети за коските, се лачат во урината и се ифрлуваат од телото.

7. Малку повеќе од час

Распоредувањето на шеќерите во организмот е во завршна фаза. Се чувствувате полни со енергија и може да очекувате промени во расположението.

Заедно со газираните пијалоци, од телото се излачуваат вода и хранливи материи кои се неопходни за функционирање на организмот. На крај, ризикот од развој на дијабетес значајно се зголемува.