По втората полуфинална вечер на Евровизија, претставниците на Албанија „Албина и семејството Кeлменди“, со песната „Duje“ обезбедија место во финалето, кое ќе се одржи оваа сабота. Семејството иако е со потекло од Косово, во декември минатата година беше избрано да ја претставуваат Албанија.

Тие по настапот одговараа на прашања од новинарите на официјалната прес-конференција на Евровизија 2023. Имено, кога ги прашаа како се слави постигнатиот успех во нивната земја, учесничките во нивниот одговор ја споменаа „Голема Албанија„.

„Ние сме иста крв, иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, и имаме една мајка која е „Голема Албанија“., гласеше одговорот од семејството Келменди.