29-годишната Кајла Џонс од Арканзас очајно посакувала дете со својот сопруг Коди. Од 2012-та година кога се венчале се обидувале да го прошират семејството на сите можни начини, но плачот на бебе никако да се слушнал во нивниот дом.

Имено, Кајла имала тумор и морала да оди на делумна хистеректомија кога имала 17 години. Лекарите делумно и ги зачувале јајниците, но и ја отстраниле матката, па бременоста била неизводлива.

Соочена со фактот дека нема да може по природен пат да роди дете таа и нејзиниот сопруг одлучиле да најдат сурогат мајка која би го родила нивното биолошко дете.

За оваа двојка тоа било единствено решение.

Потрагата по жена која би ја понела бременоста била безуспешна, се додека мајката на Коди, Пети Ресекер, не одлучила на својот син и снаата да им ја исполни желбата. Иако поминале 20 години, Пери одлучила повторно да се впушти во „авантурата“ бременост во доцни години.

-Веќе 10 години знам дека единствена шанса да имам дете е сурогат мајка. Драго ми е што тоа е некој на кој можам да му верувам, рече Кајла.

Бременоста во случајот на Пети која наполнила 49 години била високоризична, но поминала во најдобар ред.

Кон крајот на 2017-та година на свет дојде малиот Крос Ален Џонс кого всушност го роди неговата баба.