Некогашниот австралиски супермодел и актерка, 56-годишната Ел Макферсон зад себе има богата кариера, а и денес може да се пофали со манекенски изглед.

Дел од нејзините секојдневни активности за ваков изглед се јогата, возењето велосипед и пливање, а во текот на денот не пропушта да се напие чај од корен од валеријана и хмељ.

Светлата во нејзиниот дом се исклучуваат во 21:00 часот кога започнува времето за драгоцено спиење.

Некогаш ги красеше насловните страници на најпознатите светски магазини, а еден сончев ден на австралиската плажа ја покажа фигурата која би ја посакала секоја девојка.