Хрватска утринава беше потресена од тројното убиство на малолетни деца во загребската населба Млиново. Според првичните информации, нивниот 56-годишен татко ги убил задавувајќи ги со свои раце, по што се обидел да си го одземе животот. Полицајците биле шокирани од стравичната глетка, помодрените тела на седум годишните близнаци (момче и девојче) биле пронајдени во дневната соба, додека нивното помало, 4-годишно братче, било задавено на креветот во спалната соба.
Полицијата го пронашле таткото во полусвесна состојба во луксузиот стан, заради што се сомневаат дека самиот се отрул или испил поголрм број апчиња. Моментално е во болница, но не се знае во каква состојба е.
Извршителот на тројното убиство во моментов е познат како искусен финансиски консултант кој дипломирал на Универзитетот во Донау во Кремс и е магистер по деловна администрација (МБА), работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции кај Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други. Тој е австриски државјанин со постојана хрватска адреса, а според достапните податоци, тој е роден во 1965 година.
Неофицијално тој се развел од мајката на трите дечиња а тие најверојатно требало да го поминат викендот со него.
Пред да го изврши злосторството, таткото оставил и порака на Фејсбук во која вели:
Збогум на сите. Ве напуштам бидејќи не можам повеќе да издржам. Љубовта на мојот живот, ме напушти затоа што мојата поранешна сопруга беше многу лоша кон неа и затоа што немам повеќе пари. Сè што се обидував да направам во последната година и пол не функционираше, па дури и моите браќа од масонската ложа не сакаа да ми помогнат и на крајот не ми одговорија ниту на телефонските повици. Само моите најдобри пријатели и братот ми помогнаа колку што можеа. Но, сега, сега сум на крајот. Значи, збогум, напиша Харалд.