Марина Туцаковиќ ја загуби битката по долга и тешка болест на 67 -годишна возраст. Најпознатиот српски текстописец ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена затоа што се разболе во вторникот, 14 септември, кога и ја ставија апарат за дишење, а беше и позитивна на Ковид-19.
Според српските медиуми, последната желба на Марина била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта во Белград, а не во Алејата на заслужните граѓани.
Да потсетиме, пред 13 години, на 1 декември, Марина го загуби синот Милош Радуловиќ. Милош беше пронајден мртов од Марина во семејната куќа во центарот на Белград, а тој беше погребан три дена подоцна на Новите гробишта. Синот на Марина и Александар Фута Радуловиќ ненадејно почина, а Марина само еднаш зборуваше за нејзиниот најболен ден во животот.
Влегов во неговата соба и начекав тоа што начекав… Тогаш Милош имаше 24 години. Први декември беше денот… од секогаш имав страв дека нешто ќе му се случи. Ви оди детето на екскурзија па имате страв дека нешто ќе му се случи. Секогаш имате страв за личностите кои ги сакате, изјави Марина во една прилика.
Таа додава дека најинтересното било дека тој таа ноќ бил толку весел, толку многу се смееле и не можела навистина да има лошо пречувство.
-Милош едноставно не се разбуди, а прстите му беа модри. Попладнето беше здрав и прав и се беше нормално. Стана да пие вода и ми рече да го разбудам после четири часот за да иде на фризер, а потоа вечерта и во диско. Меѓутоа кога влегов во соба за да го разбудам тој не се будеше. Не знам што се случило… не знам дали има нешто пострашно од тоа кога ќе го видите своето дете како не се поместува и лежи во кревет, раскажуваше Марина.
Таа во оваа емисија раскажа и дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата бидејќи тоа не и е битно.