Марина Туцаковиќ пред 13 години на 1 декември го загуби синот Милош Радуловиќ. Туцаковиќ го пронајде нејзиниот син мртов во семејната куќа во центарот на Белград, а погребан беше три дена подоцна.

Синот на Марина и Александар Футе Радуловиќ почина ненадејно, а се до 2018 година Марина не откриваше детали за јавноста.

-Влегов во неговата соба и начекав тоа што начекав… Тогаш Милош имаше 24 години. Први декември беше денот… од секогаш имав страв дека нешто ќе му се случи. Ви оди детето на екскурзија па имате страв дека нешто ќе му се случи. Секогаш имате страв за личностите кои ги сакате, изјави Марина во една прилика.

Таа додава дека најинтересното било дека тој таа ноќ бил толку весел, толку многу се смееле и не можела навистина да има лошо пречувство.

-Милош едноставно не се разбуди, а прстите му беа модри. Попладнето беше здрав и прав и се беше нормално. Стана да пие вода и ми рече да го разбудам после четири часот за да иде на фризер, а потоа вечерта и во диско. Меѓутоа кога влегов во соба за да го разбудам тој не се будеше. Не знам што се случило… не знам дали има нешто пострашно од тоа кога ќе го видите своето дете како не се поместува и лежи во кревет, раскажуваше Марина.

Таа во оваа емисија раскажа и дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата бидејќи тоа не и е битно.