Хрватските медиуми објавија нови детали за монструозното убиство во Хрватска која го потресе целиот регион.
Имено, Хералд Копиц стравичното злосторство го спровел во два часот наутро во неговиот стан во елитната населба Млинови.
Австриецот на полицијата и рекол дека сакал децата да ги убие безболно. Но, покрај фактот што направил едно од најмонструозните убиства, децата не ги убил ни безболно ни брзо, како што планирал наводно, пишува Index.hr
Мајката во моментот на злочинот била на работа во хотел во Дубровник, а бидејќи биле разведени, децата викендите ги минувале кај таткото во неговиот стан во населба во Загреб.
Копиц таа вечер си играл со децата во својот стан, а потоа им спремил вечера и ги испратил на спиење. Тоа било сон од кој не требало никогаш да се разбудат бидејќи нивниот татко пред да легнат на сите им дал коктел од разни лекови, пишува Vecernji list.
Како што пренесуваат хрватските медиуми децата веднаш заспале откако ги испиле таблетите. Но, Копиц не очекувал дека ќе почнат да се будат. Кога почнал да се буди седумгодишниот син, Копиц почнал да го дави. Детето не можело да пружи никаков отпор. Истото тоа го повторил уште два пати и со неговата сестра близначка и со најмалиот четиригодишен син. Кога се уверил дека ниедно од децата веќе не дише, ги зел едно по едно и ги однел на софата во дневната соба, ги наредил еден до друг и околу нив ги ставил нивните омилени играчки.