Илина Арсова го изненади Игор Џамбазов со видео повик од Еквадор, во Утринската програма на „Телма“.

Додека уредникот Горан Петрески разговараше со Џамбазов во студиото на Телма, на екранот зад нив директно се вклучи Илина Арсова.

На Игор не му се веруваше што ја гледа својата сакана и извика браво за екипата која се сетила да го изненади на овој начин. „Добро утро, моја мала утехо. Срце мое“, ѝ рече Игор на Илина кога ја виде на екранот.

По гостувањето во утринската програма, Игор за Женски магазин рече дека кога ја видел Илина, бил во прединфарктна состојба.

– Скоро еден месец не сме се виделе… далеку е точно 10.851 километри… изненадувањето беше… прединфарктна состојба… ќе ме земеше на душа Горан Петрески, изјави Џамбазов. Илина во емисијата детално објасни за нејзината авантура во Еквадор.