Актерката и членка на жирито на натпреварот „Британија има талент“, Аманда Холден, е дама која го одзема здивот каде и да се појави.

Аманда наполни 50 години на 16-ти февруари, а многумина се воодушевуваат колку добро изгледа. Сепак, нејзиниот изглед не се должи само на генетиката, како што многу јавни личности имаат навика да кажат.

За разлика од нив, Аманда не крие дека нејзиниот животен стил се рефлектира во нејзиниот изглед.

Актерката истакнува дека јаде се, но во умерени количини и дека е многу физички активна.

Дури и сега, во време на короната, а особено кога имаше „локдаун“, таа најде начин да ја одржи својата линија. Редовно вози велосипед, трча, вежба дома, а посебно е љубител на јога, за која вели дека е најзаслужна за нејзиниот изглед.

– Животот е премногу краток за да се јаде храна без маснотии, без шеќер, без алкохол. Не верувам во ништо полумасно. Конзумирам полномасен јогурт, путер и сирење. Сакам вино, рече Аманда еднаш.

Сепак, Аманда, исто така, наведува дека постои еден вид храна што таа не го консумира, а тоа е месото. Таа одлучи да стане вегетаријанка, иако се уште јаде риба и морска храна.

Актерката вели дека секогаш ќе се грижи за својот изглед, дури и кога ќе има 90 години.

📷

📷

📷