На социјалната мрежа Твитер кружи снимка направена во Дебар Маало, а на која се гледа змија како ползи околу задното тркало на еден велосипед.

„Ако може рт, денес у Дебар Маало комшии ја сликале змијава. Не знам како се нашла тука па ако некој се разбира да каже нешто повеќе?”, пишува во опис на видеото.

Луѓето во коментари пишуваат дек станува збор за леопардов смок, змија која воопшто не е опасна.

Еден корисник додал и дека е корисна, со оглед на тоа што лови глувци.